Руски велосипедист ќе настапува под француско знаме: Одамна сакав да го сторам ова

Од:

Велосипедистот на Инеос, Павел Сиваков, кариерата ќе ја продолжи под француско знаме, соопшти денеска неговиот тим.

„Веќе некое време сакав да станам Французин и се пријавив во Меѓународната велосипедска унија (УЦИ), но со оглед на она што моментално се случува во Украина, сакав да ги забрзам работите“, изјави Сиваков, кој досега настапуваше под знамето на Русија.

УЦИ во средата прифати промена на националноста на 24-годишниот велосипедист.

Минатата недела Сиваков изјави дека е против руската воена интервенција во Украина, како и против рускиот велосипедист Александар Власов.

„Како што реков претходно, јас сум целосно против оваа војна и моите мисли се со народот на Украина. Како и повеќето луѓе ширум светот во моментов, се надевам на мир и крај на страдањата во Украина“, додаде тој.

Победникот на трката низ Полска во 2019 година, истакна дека негов сон е да се натпреварува за Франција на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

„Роден сум во Италија и се преселив во Франција кога имав една година. Франција е место каде што пораснав и одев на училиште, каде што се заљубив во велосипедизмот… Сакам да им се заблагодарам на тимот на УЦИ и Инеос што ме поддржа во овој процес“, рече Сиваков.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот