ВМРО-ДПМНЕ: Владата за здравството дава повеќе од СДСМ

Од:

Прес конференцијата на СДСМ, во која обвинија дека наместо непродуктивни трошоци, власта треба да ги врати парите во здравството, со реакција се јави ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваат дека во 2005 година кога СДСМ била на власт буџетот на Фондот за здравствено осигурување изнесувал 15 милијарди 249 милиони денари, а сега е 22 милијарди 85 милиони денари, што е за седум милијарди денари повеќе.

„Тоа значи дека годинава седум милијарди денари ќе има повеќе за здравството, споредено со последната година кога СДСМ беше на власт. Тоа значи дека сега дури и со штедењето во буџетот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ одвојува повеќе отколку од времето на СДСМ. Повеќето пари значат повеќе и подостапни лекови за граѓаните, зголемениот буџет ќе се користи за дијализа, трансплантации, медицински помагала, за се она што е потребно на граѓаните“,стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Станка Анастасова од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски