Рускиот претседател Владимир Путин им порача на земјите кои се противат на руските воени акции во Украина „да не ја влошуваат ситуацијата со воведување дополнителни ограничувања на неговата земја“.
Рускиот претседател зборуваше на владина седница емитувана на државниот информативен ТВ канал.
„Немаме лоши намери против нашите соседи“, рече Путин.
Тој исто така рече дека „неговата влада не гледа потреба соседите на Русија да преземаат секојдневни мерки што ќе ги влошат односите“.
„Мислам дека сите треба да размислуваат како да ги нормализираат односите, да работат заедно и нормално да ги развиваат односите“, додаде тој.