Вчера попладне, во 12.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 27-годишниот Р.Б. од Крива Паланка, информира МВР.
– Тој бил осуден на затворска казна од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 1 од Кривичниот законик и бил баран со потерница од Основен суд Куманово за доиздржување на казна затвор во траење од четири години и три месеци. Р.Б. бил спроведен во Казнено – поправна установа Затвор „Идризово“ за доиздржување на казната, соопшти МВР.
