158 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 57 за непрописно паркирање, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он