Продолжуваат борбите околу најголемата нуклеарна електрана во Украина

Од:

Борбите за најголемата нуклеарна електрана во Украина, лоцирана во град Енерходар, се уште траат.

Градоначалникот на Енерходар Дмитро Орлов, каде се наоѓа најголемата нуклеарната централа, изјави дека руските сили се на работ од градот и дека украинските сили се борат да го одбранат.

Ова електрана е главен снабдувач со електрична енергија во јужниот дел на земјата и задоволува околу една четвртина од потребите на Украина.

Во меѓувреме, и украинските и западните медиуми, јавуваат дека во повеќе делови на Украина се водат борби.

Попладнево во Киев се огласија сирените за опасност, а властите ги повикаа граѓаните да се засолнат. Во главниот град на Украина, на повоќе места се слушаат експлозии.

Бројот на жртви при рускиот воздушен напад врз украинскиот град Чернив се искачи на 22 лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои