МНР испраќа дипломатска екипа во Украина за да ги евакуира нашите државјани

Од:

Соодветно на состојбите на терен, Министерството за надворешни работи испраќа дипломатска екипа во Украина, и тоа во состав на актуелниот амбасадор во земјата Крум Ефремов, заедно со уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе ги водат процесот на терен при асистирањето на евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани, информираат од Министерството.

„Воедно информираме дека досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се сѐ уште на Украинска територија како и нивни членови на семејство украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места, и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори; нивното движење постојано го следиме сѐ до нивното напуштање на земјата, а потoа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава.

Информираме дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато, се одвива по споредни рути кои се преполни, и оттука движењето е бавно“, велат од МНР.

Од Министерството за надворешни работи велат дека продолжуваат одблиску да ја следат состојбата и за секоја нова промена соодветно ќе ја информираат јавноста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Киев ќе купи ракети „Патриот“ за 3,2 милијарди евра