Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 11 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, три санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 43 за непрописно паркирање, соопшти МВР.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.