Повеќе од пет милиони домаќинства во Тајван денеска останаа без струја по ненадејното исклучување на една електрана, јави ДПА.
Погодени беа домаќинствата на целиот островот, вклучително и 490.000 во главниот град Тајпеј. Се известува дека околу 70 отсто од погодените домаќинства веќе повторно имаат струја.
Тајванската претседателла Цај Ингвен се извини за непријатностите предизвикани на граѓаните и рече дека е потребна брза истрага за причините за прекинот.
Централата, која е привремено запре со работа, се наоѓа во јужниот дел на Тајван, соопшти тајванската влада. Портпаролот на владата рече дека таа всушност продолжила да работи со капацитет од околу 24 отсто, но тешкотиите во нејзината работа доведоа до проблеми со преносот и дистрибуцијата на електрична енергија во централен и северен Тајван. Портпаролот нагласи дека овој случај ја истакнува ранливоста на преносот на електрична енергија од јужен кон северен Тајван.
– Неопходно е час поскоро да се заврши изградбата на терминалот за течен природен гас во северниот дел на Тајван, рече портпаролот.
Извор: МИА