Тешко повреден пешак од Кавадарци починал во Клиничкиот центар во Скопје

Од:

Вчера вечер во 20.55 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од улицата „Никола Минчев“ и булеварот „Македонија“ во Кавадарци, патничко возило „тојота ланд крузер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Р.Ј. од Кавадарци, удрило во 83-годишниот П.Ч. од Кавадарци, информира МВР.

– Во несреќата со тешки телесни поврди се здобил П.Ч. и бил пренесен во Општа болница Кавадарци, а подоцна и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде на 02.03.2022 во 00.05 часот починал. Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“