Седум руски банки исклучени од СВИФТ

Од:

Како дел од зајакнувањето на санкциите на Европска Унија против Русија по инвазијата на Украина, седум руски банки се исклучени од меѓународната мрежа за размена на пораки за банкарски трансакции СВИФТ (SWIFT), објавено е денеска во службен весник на ЕУ.

Исклучените банки сега имаат десет дена да го напуштат СВИФТ. Мерката се однесува и на втората по големина руска банка ВТБ, а потоа следат Банка Отркитие, Новикомбанк, Промсвјазбанк, Банката Росија, Совкомбанк и ВЕБ.

Најголемата руска банка, Сбербанк и Газпромбанк, трета по големина, не се на листата на санкционирани банки бидејќи преку нив се одвива најголемиот дел од плаќањата за руски гас и нафта, кои земјите-членки продолжуваат да ги увезуваат од Русија.

Критериумот за избор на овие седум банки беше воспоставен според нивната поврзаност со руската држава, со што имплицитно беа вклучени во воените напори.

Исклучувањето од СВИФТ не значи дека тие банки не можат да вршат плаќања и повлекувања, бидејќи тоа не е платен систем, туку систем за пораки за плаќање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски