Радашин соборува авиони, Бјелогрлиќ пали села, Којо војува во Киев, српски актери жртви на пропагандна војна

Од:

Со фотографии од српски актери претставени како херои, на социјалните мрежи од разни профили се бара прекин на војната во Украина.

Српските актери Радош Бајиќ, Никола Којо и Драган Бјелогрлиќ се жртви на пропагандната војна со духовити коментари покрај нивните фотографии.

Актерот Радош Бајиќ или Радашин од серијата „Село гори, а баба се чешла“ е претатвен како духот на Киев, кој за еден ден успеал да собори 16 руски авиони. Објавата се појави неколку дена по приказните за мистериозниот пилот кој се спротивставува на руските авиони со објаснување дека се работи за пензиониран командант кој се активирал во одбрана на Украина.

Српските медиуми пренесуваат дека од целата објава вистина е дека Радашин е добар пилот, но во филмот „Партизанска ескадрила“.

Никола Којо, пак, во објавите е претставен како генерал наредник кој од прозорец гледа на распарчениот Киев, а искористена е негова фотографија од филмот „Небесна јадица“ во кој дејството се случува за време на бомбардирањето на Белград од НАТО.

Според објавите, на спротивната страна се бори Драган Бјелогрлиќ. Со негова фотографија од филмот „Убави села убаво горат“ тој е претставен како руски војник кој пие пиво откако запалил село.

„Европската цивилизација исчезнува во пламен“, стои во објавата над неговата фотографија.

Во коментари под објавените фотографии многумина објаснуваат дека се искористени фотографии од српски филмови, но тоа не ја сопира жестоката дискусија за војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Украина и Русија

ВИДЕО: Масовен украински напад на Крим

Седум клучни точки од договорот меѓу Украина и САД

Војната не може да заврши толку брзо колку што сака Трамп, порача Кремљ

ВИДЕО: Украина нападна фабрика за оружје на 300 километри од Москва

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русите со дронови ги нападнаа Харков и Днипро, има една жртва и 46 повредени