Украинскиот амбасадор во Атина побарал од Сакеларопулу помош околу сместувањето на бегалците што пристигнуваат во Грција

Од:

Украинскиот амбасадор во Грција Сергеј Шутенко од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, во нивниот денешен телефонски разговор, побарал државата да помогне околу сместувањето на бегалците од Украина што веќе почнаа да пристигнуваат во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од кабинетот на грчката претседателка, Сакеларопулу за конкретното прашање стапила во контакт со претседателот на комората на хотелиери на Грција Александрос Василакос, кој одговорил позитивно и информирал дека веќе се се преземаат чекори во оваа насока.

Сакеларопулу и Шутенко разговарале за ситуацијата во Украина, амбасадорот ја информирал за последние случувања, се осврнал и на евакуацијата што е во тек на грчкиот конзулат во Мариупол и ѝ се заблагодарил за поддршката од Грција.

-Г-ѓа Сакеларопулу ја изрази целосната поддршка на грчкиот народ за Украина и за нејзината херојска борба за нејзината слобода, нејзиниот европски пат и нејзините демократски и универзални вредности. Отпорот на Украинците длабоко ги трогнува Грците и го обединува човештвото против рускиот напад и насилното оспорување на суверенитетот на независна држава, соопштија од кабинетот на грчката претседателка.

Заклучно со вчерашните податоци во Грција пристигнаа 1.500 украински државјани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната