Советот на Европа преку соопштение побара Русија веднаш да престане со убиствата и страдањата на луѓето во Украина, наведувајќи оти рускиот воен напад сее смрт и уништување во срцето на Европа.
– За само неколку дена, војната предизвика смрт или повреди стотици луѓе, меѓу кои и многу деца. Последното гранатирање на градот Харков го откри очигледното непочитување на руските сили на цивилниот живот, при што се убиени и повредени десетици луѓе, а погодени се голем број цивилни цели, вклучително станбени блокови и детска градинка со ненаведувачки проектили и сомнителна касетна муниција, се посочува во соопштението на СЕ.
Во соопштението се посочува и дека војната го крши меѓународното право и човековите права и го суспендира хуманитарното право.
– На овој масакр мора веднаш да се стави крај пред да се изгубат уште повеќе невини животи и да се направи поголема штета. Руските власти можат да го направат тоа. Тие мора веднаш да го прекинат овој кошмар, се истакнува во соопштението.
Извор: МИА