Навални: Сите да излезат на улица и да се борат за мир

Од:

Рускиот опозиционер, кој е во затвор, Алексеј Навални на Твитер објави свое видување за војната во Украина и ситуацијата во Русија.

Навални во затворот нема пристап до интернет и се претпоставува дека му диктирал на својот адвокат.

– Не можеме да бидеме кукавици кои се преправаат дека не ја гледаат агресивната војна на лудиот император. Ние – Русија сакаме да бидеме нација на мирот. За жал, малкумина можат да нè наречат сега така. Но, во најмала рака можеби нема да станеме нација на исплашени, замолчени луѓе. Кукавици кои се преправаат дека не ја забележуваат агресивната војна што ја води лудиот цар против Украина, напиша Навални.

Тој додаде дека „не може, не сака и оти нема да молчи и гледа како псевдоисториски настани од пред сто години се изговор Русите да убиваат Украинци, а тие бранејќи се, убиваат Руси“.

– Во 20-тите од 21 век гледаме вести за луѓе кои горат во тенкови и бомбардирани куќи. Ги гледаме на телевизија заканите за започнување нуклеарна војна. Јас сум од СССР. Таму сум роден. Главната фраза на СССР од моето детство беше „борба за мир“. Ги повикувам сите да излезат на улица и да се борат за мир, посочи Навални.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина