Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) соопшти дека земјите-членки се согласиле да ослободат 60 милиони барели нафта од нивните резерви за итни случаи за да го стабилизираат пазарот по руската инвазија на Украина.
Одлуката – донесена од 31 земја членка на управниот одбор на ИЕА – има за цел да „испрати обединета и силна порака до глобалните пазари на нафта дека нема да има недостиг во залихите“ како резултат на конфликтот во Украина, се вели во соопштението.
Извор: МИА