Повеќе луѓе во Полска сакаат да се приклучат на армијата по руската инвазија на Украина

Од:

Значително повеќе мажи и жени во Полска сакаат да се приклучат на армијата по руската инвазија на Украина, според податоците на Министерството за одбрана во Варшава, јави ДПА.

Во последната недела од февруари, 2.200 лица се пријавиле да служат во вооружените сили, соопшти денеска Министерството. Претходно, имаше околу 400 апликанти неделно. Зголемен е и интересот за Територијалните одбранбени сили, чии волонтери имаат вежби еден викенд месечно.

Полска дели граница долга повеќе од 500 километри со Украина и моментално прима стотици илјади бегалци од соседната земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина