Јанша: Рускиот претседател не очекуваше толку силен украински отпор и реакција на меѓународната заеденица

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека вистински преговори меѓу Москва и Киев ќе има само откако прекинат непријателствата и после прекин на огнот, што според ситуацијата на терен е „светлосни години далеку“. Јанша во гостувањето на Словенечката телевизија уште оценува дека рускиот претседател повеќе не може да биде победник во оваа војна.

„Тоа не беа вистински преговори, туку опипување, серизони преговори може да има само откако барем привремено тивне оружјето, рече синоќа Јанша.

Словенечкиот премиер додаде дека украинскиот отпор, но и реакцијата на меѓународната заедница, значително ги намалиле шансите на Путин за победа во оваа војна. Според него, Путин планирајќи го нападот врз Украина направил две стратешки грешки – првата што сметал дека Украина ќе падне за неколку дена, и втората не сметал на решителен став кај ЕУ и НАТО, со проценки дека санкциите поради интервенцијата на руската армија нема да бидат ништо поразлични од оние воведени поради интервенцијата во Грузија и поради анексијата на Крим.

„Овојпат е поинаку и Путин оваа војна повеќе нема да може да ја добие“, изјави Јанша.

Според него, путиновата Русија не била подготвена за ваква војна затоа што со секој изминат ден што Украина успева да се одржи се зголемува можноста за прогласување прекин на огнот и отоворање простор за вистински, сериозни преговори.

„Овие санкции Русија не може да ги издржи, а тоа стратешки многу значи затоа што со санкциите најмногу е засегнат најблискиот путинов круг, односно олигарсите кои се најголемата негова поддршка. Тие полека се дистанцираат од Путин, ќе покаже времето“, вели Јанша, притоа оценувајќи дека доколку рускиот претседател биде подготвен на преговори можеби и ќе успее да се одржи, во спротивно „ќе го сменат неговите луѓе“.

За словенечкиот премиер важно е што после руската агресија на Украина во Европската унија дошло до голем пресврт во смисла на проценките на важноста на Украина.

„Она што сега го прави ЕУ е светлосни години далеку од состојбата пред само една седмица“, истакнувајќи дека негови колеги од ЕУ пред само неколку дена биле уверени дека Украина ќе падне за ден два. Слични проценки, според Јанша, имале и во НАТО алијансата, со извештаи на аналитичари дека Украина воопшто и нема да се брани.

За него, путиновото подигање на степенот на тревога на силите за одвраќање како и заканите со нуклеарно оружје е повеќе сигнал на немоќ, односно дека на руската страна се пројавил и сомнеж во исходот од операцијата во Украина за која рече дека „воопшто не се одвива како што било планирано“.

По однос предлогот чиј иницијатор е и самиот за прием на Украина во ЕУ по посебна процедура, Јанша со став дека не се работи за тоа Украина уште утре да стане членка, туку повеќе за тоа да и се додели статус на кандидат како знак на поддршка.

„Тоа би бил и сигнал до Путин кој барем формално досега не се има произнесено дека се противи на членство на Украина во ЕУ, рече Јанша.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков