Франција подготвува список на имот на руски олигарси кој ќе подлежи на санкции

Од:

Франција подготвува список на имот во сопственост на руски олигарси, вклучувајќи луксузни автомобили и јахти што можат да бидат запленети според санкциите на ЕУ воведени по руската инвазија на Украина.

На Француската ривиера долго време имаат имот богати Руси, а многумина летуваат на јахти или во нивните луксузни вили на брегот на Средоземното Море.

„На барање на претседателот, продолжуваме со целосно истражување на финансиските средства, недвижен имот, јахти и луксузни возила (во Франција) кои припаѓаат на руски личности кои се цел на европските санкции“, изјави денеска министерот за економија Бруно Ле Мер.

Тој додаде дека Франција исто така работи на идентификување на имотот на другите Руси кои би можеле да бидат погодени од дополнителни рунди на санкции „поради нивната блискост со руската влада“.

Министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, говорејќи покрај Ле Мер во претседателската палата во Париз, рече дека ќе бидат преземени мерки „за многу краток временски период“ против „руските пропагандни органи“ кои се одговорни за „дезинформации“ во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство