Јанша: Ако Киев падне ќе има домино ефект во цела Источна Европа

Од:

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша денеска за порталот Еуроактив изјави дека западните држави мора веднаш да го запрат рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи тоа ќе има последици за цела Источна Европа.

– Јас сум 100 отсто уверен дека Русија нема да запре во Украина, ако падне Киев, следната цел се Молдавија, Грузија, ќе се појават проблеми во Западен Балкан, потоа следна цел ќе бидат балтичките земји, истакна Јанша, при тоа предупредувајќи на „домино ефект“ од руската инвазија.

Словенечкиот премиер го спореди Путин со поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, истакнувајќи дека е можно да се очекуваат „истите ирационални чекори кога работите не одат според планот“.

Јанша ги повика Словенците в среда да се приклучат на собирот во Љубљана за поддршка на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3