Поради повисоката концентрација на есенцијални масни киселини во мајчиното млеко отколку во индустриската храна, доените деца имаат подобар вид.
Истражувањето е извршено на 78 доени и 184 деца хранети со индустриска храна на возраст од четири до шест години.
Во текот на првите шест месеци доените деца имале подобри резултати за време на испитувањето на видот.
– Истражувањето покажува дека мајчиното млеко е богато со омега 3 киселини, арахидонска и ДХА киселина, кои го подобруваат видот кај децата, изјави д-р Атул Сингхал од Институтот за детско здравје во Лондон.
Арахидонската киселина е составен дел од мембраните на човечките клетки, посебно во мозокот. Ја има во путерот од кикиритки. ДХА киселината ја има во рибиното масло.