Борел: ЕУ ќе ја забрани работата на руските медиуми РТ и Спутник

Од:

Европската унија ќе ја забрани работата на руските медиуми РТ и Спутник, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

Говорејќи на прес-конференција во Брисел, тој најави дека европскиот блок ќе ги забрани двата медиума во обид да се избори, како што наведе, „против руските дезинформации“, пренесе Си-Ен-Ен.

„Денеска преземаме клучен чекор за затворање на славината за руска манипулација со информации во Европа со забрана за емитување на програмите Раша тудеј и Спутник во Европската унија“, рече Борел.

Во исто време, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека руските државни медиумски компании РТ и Спутник, како и нивните подружници, повеќе нема да можат „да шират лаги за да ја оправдаат војната на Путин и да направат поделба во ЕУ“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски