Повеќе од стотина бугарски граѓани со украинско и бугарско знаме, и покрај снежните врнежи, се собраа пред споменикот на советската армија во Софија, каде што протестираа поради конфликтот во Украина.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, дел од насобраните се качиле на постаментот на споменикот и со спреј го исчкртале неговиот натпис и врз него напишале „окупатори“ и „Путин е убиец“.
Демонстрантите залепија плакати на споменикот и фотографии од Путин и крв на него поради конфликтот во Украина.
Како што јави дописникот на МИА, во Бугарија повторно се поставува прашањето за отстранување на споменикот на советската армија од центарот на Софија.
Извор: МИА