Швајцарски весник: Зеленски побарал посредништво од Швајцарија

Од:

Угледен швајцарски весник објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побарал од својот швајцарски колега да дејствува како неутрален посредник меѓу Украина и Русија и да помогне за прекин на огнот меѓу двете земји.

Весникот Tages Angeizer објави дека барањето за швајцарскиот претседател Игнацио Касис доаѓа во контекст на претстојниот состанок на Советот за човекови права во Женева што почнува в понеделник, на кој во вторник треба да присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Извештајот не беше веднаш потврден од швајцарското Министерство за надворешни работи. Имаше посреднички напор спроведен од Швајцарија откако руските сили ја презедоа контролата врз Крим во 2014 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шефот на украинската армија нареди повлекување

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Руските сили за воздушна одбрана соборија 36 украински беспилотни летала во текот на ноќта

Ракетен напад врз Киев, најмалку две лица повредени, пожари на повеќе локации

Сијарто: Зеленски започна грда кампања против Унгарија во последните денови

Горан Наумовски

Зеленски: Украина ќе биде подготвена за дипломатија следната година