ММФ ја увери Украина во својата целосна поддршка и натамошна соработка

Од:

Меѓународниот монетарен фонд ја увери Украина во својата поддршка и продолжува тесно да соработува со владата за да и помогне на земјата на сите можни начини, се наведува на официјалната Фејсбук страница на Министерството за финансии на Украина, пренесува Укринформ.

„Министерството за финансии продолжува да комуницира со ММФ за инструментите за поддршка на Украина. Сите дискусии се водат онлајн, со учество на персонал од Вашингтон. Конкретно, страните ги истражуваат опциите за натамошна финансиска поддршка, вклучувајќи го и сегашниот Стенд-бај аранжман од 2,2 милијарди долари со ММФ“, се наведува во соопштението.

Украинската Влада, покрај тоа, од ММФ побара дополнително итно финансирање, соопшти Министерството за финансии.

ММФ ја увери Украина во нејзината поддршка, а персоналот на Фондот ќе продолжи тесно да соработува со Владата на Украина за да и помогне на земјата на сите можни начини.

„Меѓународниот монетарен фонд исто така работи со Групацијата на Светска банка и други партнери за зајакнување на поддршката за Украина“, соопшти Министерството за финансии.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина