Поранешниот бугарски министер за надворешни работи и поранешен кандидат за генерален секретар на НАТО, Соломон Паси вели дека детско-младинскиот рекреативен центар во Камчија, во близина на Варна, кој е во сопственост на канцеларијата на градоначалникот на Москва, претставува ризик за безбедноста на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Паси, тоа е пробив во безбедноста на Бугарија, кој треба што поскоро да биде блокиран од бугарските власти, особено во контекст на руската инвазија на Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин сигнализираше дека ќе го искористи овој факт поврзан со имотите меѓу Бугарија и Русија. Во однос на војната во Украина, Соломон Паси не ја отфрли можноста Русија да го прошири своето присуство во Доњецк и Луганск и да ги прошири во севкупниот облик на административни области во источна Украина.
Извор: МИА