НАТО распоредува 1.200 војници во Словачка

Од:

Во Словачка ќе бидат распоредени околу 1.200 странски војници од другите земји членки на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина, соопшти денеска словачкото Министерство за одбрана.

Планот е дел од иницијативата на НАТО да се осигури дека земјите членки од источното крило на Алијансата се дополнително заштитени со испраќањето дополнителни сили за нивна заштита.

Словачка се граничи со Украина и од завчера во неа почнаа да пристигнуваат првите неколку илјади бегалци од војната кај соседната земја .

Словачкиот министер за одбрана, Јарослав Над, изјави дека очекува пристигнување на сили од Холандија и Германија. Германија ќе обезбеди и систем за зајакнување на словачката воздушна одбрана. Планот сè уште не е официјално одобрен.

Министерот Над додаде дека словачката Влада одобрила испраќање оружје и гориво во Украина во вредност од 11 милиони евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он