Министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид, им наложи на вработените во Израелската амбасада од западниот украински град Лавов да се префрлат на полската страна од границата.
Лапид денеска соопшти дека службеници на Амбасадата декојдневно ќе доаѓаат од Полска во Украина за да ја продолжат нивната дипломатска работа, како и активности насочени кон пружање соодветна помош на израелските граѓани да ја напуштат Украина.
Одлуката на израелското МНР е согласно проценката на ситуацијата по повеќе параметри, притоа замајќи ја предвид ситуацијата на теренот, безбедноста на емисарите на државата Израел во Украина, како и потребата од поддршка на израелските граѓани во земјата.
Минатата седмица израелските дипломати во Украина од Киев се префрлија во Лавов, град на околу 70 километри од Полска.
Извор: МИА