САД: Професорите ќе добијат оружје

Од:

Вработените во средното училиште во Кларксвил, во американската држава Арканзас во новата школска година ќе носат сокриено оружје.

Идентитетот на професорите кои што ќе бидат вклучени во овој проект за сега е сокриен, но како што наведуваат агенциите, сите ќе мора да поминат на обука.

И покрај тоа што Кларксвил е мирно место со околу 9.200 лица, родителите се загрижени за безбедноста на децата, по нападот во основното училиште во Њутаун, во декември минатата година, кога беа убиени 20 деца и шест наставници.

Министерот за образование Том Кимбрел изјави дека е против тоа наставниците и лицата од училиштата да се вооружени и предложи за тоа да бидат ангажирани професионалци.

Националната асоцијација за оружје оцени дека носењето оружје е еден од одговорите на сериозните закани во училиштето.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија