(ВИДЕО) Кузеска: Гледаме колку е значајно што сме членка на НАТО

Од:

„Она што се случува деновиве, воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет, покажува колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена. Мирот и безбедноста на граѓаните се од огромно, непроценливо значење, кое за жал во вакви трагични моменти, особено го потенцираме“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Како една мала земја, ова ни покажува колку за нас, за Северна Македонија е важно членството во НАТО алијансата.

За нас, овој историски успех, ова исполнување на стратешката цел да бидеме членка на НАТО значи сигурност и безбедност на граѓаните. НАТО за нас значи обезбеден суверенитет и територијален интегритет.

Денеска можеме јасно да видиме. Нема цена мирот и спокојот на граѓаните, сигурноста која со членството на НАТО ја обезбедивме.

Нашите граѓаните се сигурни и можат да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот.

И тоа не е воопшто мала туку голема, огромна работа. Би сакала да ги споменам и добро поставените економски политики.

Бидејќи воените судири секако ќе ја продлабочат енергетската криза исклучително е важно што владата предводена од СДСМ исправно се постави.

Сите ресурси ги насочи кон соочување со последиците од енергетската криза и презеде низа ерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Одблиску се следат светските економски текови и се делува за заштита на домашната економија и стандардот на граѓаните.

Тоа е одговорно и државничко однесување и кон граѓаните и кон државата. Тоа е СДСМ“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот