Бугарскиот премиер тврди дека бугарската нуклеарна централа Козлодуј е под засилена контрола

Од:

Националните објекти, дел од критичната инфраструктура, вклучително и нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија, се со засилено обезбедуавње, рече бугарскиот премиер Кирил Петков како одговор на прашањето за ризиците за Бугарија од воената акција во Украина во Народното собрание.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, премиерот на Бугарија посочи дека во Владата на државата има работни групи кои вршат целосна проверка на нејзината резерва.

Петков истакна дека не верува дека постои опасност за Бугарија во моментот итреба да се искористи за да се доведе целиот систем во готовност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?