Амбасада на САД: Го поздравуваме ставот на Србија за територијалниот интегритет на Украина

Од:

По изнесениот став на Србија од претседателот Александар Вучиќ, дека Србија смета дека е многу погрешно да се нарушува територијалниот интегритет на која било земја, вклучително и Украина, но дека нема да воведува санкции кон Русија, дојдоа првите реакции од амбасадата на САД во Белград, Известувачот на Европскиот парламент за Србија и амбасадата на Русија, јави допсиникот на МИА од Белград.

-САД го поздравуваат повторениот став на Србија и на претседателот Александар Вучиќ за поддршка на територијалниот интегритет на Украина, кој е нарушен со незаконски и неиспровоцирани напади од Русија, објави амбасадата на својот официјален Твитер профил.

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, изјави дека сите треба да разберат дека изборот на Србија да не се приклучи на европските санкции кон Русија е одлучувачка надворешнополитичка одлука за многу пошироки односи меѓу Унијата и Србија.

-Нападот на Путин врз Украина е пресвртница и за Западен Балкан. Затоа сите треба да разберат дека изборот на Србија да не се приклучи на санкциите на ЕУ е одлучувачка надворешнополитичка одлука за многу пошироки односи меѓу Европската унија и Србија, напиша Билчик на Твитер.

Русија ги почитува националните интереси на Србија, разбира дека има притисок за воведување санкции кон Москва, но Москва не бара ништо од Белград, изјави рускиот амбасадор во Србија Александар Боцан-Харченко.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“

Зеленски: Русија бара молк на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Украински дрон собори два руски борбени авиони Су-30

Горан Наумовски