Владата го објави договорот за „Јужен тек“ со Руската Федерација

Од:

Министерството за финансии денеска на својата веб страница (http://www.finance.gov.mk/files/u1/Spogodba_so_RF_za_Juzen_Tek.pdf) ja објави спогодбата со Руската Федерација за вклучување на Република Македонија во гасоводниот проект „Јужен тек“.

Со спогодбата e предвидено изградба на гасовод-крак кој ќе води кон земјава, а ќе доаѓа од Србија или од Бугарија, што доплнително ќе биде договорено, по анализата и утврдување на целисходноста на проектот.

Во членот 1 од Спогодбата за соработка при изградба на гасоводот пишува

– Страните го помагаат проектирањето изградбата и користењето на гасовосот-кракот од магистралниот гасоводен систем кој се гради од Руската Федерација преку Црното море и териториите на трети земји за испорака на природен гас во Република Македонија во случај да се потврди целисходноста на реализацијата на проектот гасовод-крак на начин, утврден во членот 2 на овој договор.

Во членот 2 се вели дека овластени организации се Македонски енергетски ресурси и Гаспром кои треба да извршат анализа чија цел е одредување на техничка, економска, еколошка и финансиска оправданост на реализацијата на проектот гасовод-крак, и врз основа на нејзините резултати заеднички да се потврди целисходноста од реализација на проектот.

-Во случај на одобрување од компетентните органи на страните на решението за целисходноста на проектот гасовод-крак, двете страни треба да донесат услогласена одлука за основање заедничка компанија за реализација на прокетот гасовод-крак.

Во членот 4 пишува дека трасата на гасоводот се услогласува од страна на основачите, но на база на резултатите од еконско техничката пресметка.

Правата на користење на сите капацитети на гасоводот му припаѓаат на рускиот основач, а се работи за истата спогодба која излезе во руските медиуми пред потпишувањето месецов.

Македонија спогодбата со Руската Федерација ја потпиша на 23-ти јули во Москва, а двете страни оценија дека таа е добра основа за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.

„Јужен тек“ почна да се гради минатата година. Се очекува до 2015 година да се изгради морскиот крак под Црното Море до Југоисточан Европа, а до 2018 година тој проект целосно да биде завршен.

Би можело да ве интересира

Антиќ-Сијарто: Подготвени сме за Јужен тек, но не зависи се од нас

Наум Локоски

Гасовод од Грција преку Македонија и Србија алтернатива за „Јужен тек“

Ана Ололовска

Србија и Бугарија да му ги вратат на „Газпром“ парите вложени во Јужен поток

Емир Латифовиќ

Јужен тек – засега најскапата жртва на заострените односи на ЕУ и Русија

Ана Ололовска

За гасот има алтернативи, но треба посериозно да се работи на нив

Емир Латифовиќ

Србија потроши 30 милиони евра во пропаднатиот проект Јужен поток

Емир Латифовиќ