СДСМ: Арсовска ја демантираа архитектите, да не бара оправдувања, туку да ја продолжи реконструкцијата на Универзална сала

Од:

„Пропаднаа сите обиди на Арсовска преку лаги да ги плаши граѓаните на Скопје дека Универзална сала е небезбеден проект“, соопшти СДСМ.

„Архитектите, целата стручна јавност потврдија дека проектот за реконструкција на Универзална сала е безбеден и направен по сите стандарди.

Арсовска нема веќе простор за манипулација на јавноста со лажни конструкции и затоа треба да се откаже од суетата и дрското однесување и да го продолжи проектот за Универзална сала за кој Владата на Град Скопје обезбеди 2 милиони евра.

Трпението на граѓаните на Скопје е пред крај, освен што го партизира градот, прекинува проекти, градоначалничка на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да реализира ниту еден проект кој е во интерес на граѓаните и Градот.

Неколку месеци беа доволни Арсовска да се покаже и докаже како досега најнеспособниот градоначалник на Град Скопје“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он