Пред два дена градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски беше на средба со жителите на скопско Крњево. Граѓаните се пожалија на неколкуте депонии, кои се извор на зарази.
Пет години децата одеа низ депонијата до училиштето Лирија и никој ништо не преземаше.
Од денеска, она што им го вети Жерновски на жителите почна и да се реализира, Општина Центар почна со нејзино расчистување.
Ова е уште еден чекор кон подобрување на условите за живот во општината со нагласување на нашите понатамошни заложби кон создавање на поздрава и почиста животна средина.
Старата облека, искршениот намештај, храна, пластика, шприцеви се подигаат и носат со 30-тонски и со еден помал камион на легална депонија.
Општина Центар ќе го расчисти просторот од околу 30 илјади метри квадратни.