Три пожари во реонот на Сплит

Од:

Голем шумски пожар рано изутринава избувна во близината на Сплит, на подрачјето на Дуч, и поради силниот ветер се повеќе се шири и приближува кон куќите во Дуги Рат, соопшти командирот на локалното противпожарно друштво, Дражен Главина.

– За сега немаме помош од воздух бидејќи дува ветер, па мораме сами да се снаоѓаме на теренот. Во моментов овде има многу пожарникари и се обидуваме што побрзо да го совладаме огнот, изјави Главина за Хина.

Освен овој пожар, на поширокото подрачје на Сплит активни се уште два пожара. Првиот е во Челина во близина на Омиш, кој се појави во текот на ноќта, а вториот во Љубитовци кај Трогир, каде пожарникарите се борат со огнот од раните утрински часови.

Во сите три пожари гори борова шума и нискостеблеста вегетација.

Би можело да ве интересира

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит