Обединетите нации изразија загриженост поради извештаите за луѓе кои бегаат од Украина по руската инвазија, јави ДПА.
-Загрижени сме поради извештаите за движење на мажи, жени и деца кои бегаат барајќи безбедност и заштита, изјави координаторот на ОН за итна помош Мартин Грифитс.
Тој додаде дека најважното прашање во моментов е колку бегалци имаат за цел да ги преминат границите, што, исто така, ќе зависи од натамошниот тек на војната.
Извор: МИА