Првите британски војници и камиони со дополнителна опрема стигнаа до Естонија за да го зајакнат тамошниот баталјон на НАТО, јави ДПА.
Конвој со шест борбени тенкови и други воени возила стигна до воената база Тапа, соопшти естонската војска.
Велика Британија соопшти дека ќе испрати засилување, а Лондон треба да испрати 850 војници и опрема во Естонија, со што речиси ќе го удвои тамошниот британски контингент.
Единиците ќе бидат распоредени од британската база во Сенелагер во близина на Падерборн во Германија преку Полска, Литванија и Летонија до Естонија, која граничи со Русија.
Извор: МИА