Полскиот претседател изрази цврста поддршка на Зеленски на состанокот Б-9 во Варшава

Од:

Се согласувам со претседателот Володимир Зеленски, кој рече: Ако не ми помогнете денес, војната ќе затропа на вашата врата утре, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда, повикувајќи на поддршка и солидарност со Украина и конкретна акција против „бруталниот напад“ на Русија.

Дуда го отвори денешниот Самит Б-9 во Варшава, на кој учествуваат претседателите на земјите од источното крило на НАТО и членки на Европската унија – Бугарија, Полска, Романија, Унгарија, Литванија, Летонија, Естонија, Чешка и Словачка.

Шефот на полската држава и се заблагодари на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен што се согласила да присуствува на состанокот со цел да се покаже единството на државите во „целосно новата реалност“.

– Демоните на војната, невидени од 1945 година, вчера се вратија во Европа, рече Дуда. Тој истакна дека Путиновата Русија е одговорна за она што се случува во Украина.

По разговорите меѓу лидерите на деветте земји, започна онлајн состанок на НАТО. Се очекува да трае неколку часа за да се разговара за ситуацијата во Украина и да се излезе со став за кризата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности