Македонија има најголем пад меѓу земјите во регионот според извештајот на шведската компанија Healt Comsumer Powerhouse, за Европскиот индекс за здравствена заштита.
Овој извештај, презентиран пред Европскиот парламент е подготвен пред ребалансот на буџетот, кога власта изгласа да скрати 10 милиони евра за здравството, укажаа од СДСМ, на прес-конференција.
Апелираат власта веднаш да ги врати парите за здравството, бидејќи здравството наместо милионските мостови, реклами и фонтани, треба да биде на прво место.