Кривична пријава за поранешниот директор и секретар на охридската болница

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.А.(65) и А.Н.(42), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавените, во текот на 2016 година, во својство на директор и секретар во Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Охрид, на вработен во болницата му издале решение за неплатено отсуство, а потоа донеле незаконито решение со кое претходното решение за неплатено отсуство се става вон сила, за што оштетениот не бил известен. По негово недоаѓање на работа во текот на три последователни работни денови, пријавените донеле одлука со која на оштетениот му го раскинале договорот за вработување.

Со ваквите дејствија пријавените го оштетиле фондот на ЈЗУ„Општа болница“ Охрид за износ од 883.648 денари, кој треба да му го исплати на оштетениот со правосилна судска пресуда.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок