Зеленски: Русите го заземаа воениот аеродром во близина на Киев

Од:

Русите го заземаа воениот аеродром Гостомел, кој се наоѓа на околу 40 километри од Киев, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, ветувајќи им дека ќе им биде вратен Украинците.

Зеленски рече дека руските сили го зазеле аеродромот, но падобранското слетување на тој аеродром било блокирано, бидејќи украинската армија добила наредба да ги „уништува“ руските сили.

Украински воен функционер, кој претходно денеска изјави дека на аеродромот во тек се борби, изјави дека ситуацијата е „затегната“ и на југот на земјата, каде се водат битки за градовите Геническ, Скадовск и Чаплинка во Херсонската област во близина на црноморскиот полуостров Крим. Тој полуостров беше анектиран од Русија во 2014 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русите подготвуваат голема офанзива

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Зеленски: Ситуацијата на фронтот е под контрола

Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски