Украинците во паника го напуштаат Киев, колони со возила до недоглед излегуваат од градот, по рускиот напад кој се случи денеска.
#Kyiv is in huge traffic jams. People are in a hurry to leave the capital. The Ministry of Internal Affairs asks the residents of Kyiv not to leave the city right now, so as not to create traffic jams. pic.twitter.com/1AwOFN4M7Y
— NEXTA (@nexta_tv) February 24, 2022
По она што го објавуваат на социјалните мрежи, луѓето кои се таму се збунети, исплашени и не знаат што да прават.
За разлика од Киев, камерите кои се поставени во Мајдан, Одеса, Харков и Дњепар покажуваат мирна ситуација на улиците.
На улиците речиси и да нема луѓе, и има малку возила.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска воведе полициски час со цел да се зачува „безбедноста“ на жителите по почетокот на руската инвазија на Украина.
„Полицискиот час ќе трае од 22.00 до 7.00 часот“, рече Кличко, додавајќи дека јавниот превоз во овој период нема да работи, но метро станиците ќе останат постојано отворени за да служат како засолништа во случај на итни воздушни напади.