Малолетник загина во сообраќајка со четирицикл во струмичко

Од:

Синоќа во 22.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат с.Иловица – с.Турново, струмичко, малолетник од с.Иловица, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки, на кој се превезувале уште двајца малолетници од истото село, изгубил контрола, при што еден од двајцата сопатници паднал на коловозот информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде била констатирана смрт.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: тешко повредена 67-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Жена на 80 години пронајдена почината во Кисела Вода

Пијан виничанец направил две сообраќајки и двапати бегал

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски