Бајден воведе санкции за Северен тек 2

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека САД ќе и се приклучат на Германија во воведување санкции за рускиот проект за природен гас „Северен тек 2“ како дел од санкциите против Москва.

– И наредив на мојата администрација да воведе санкции за „Северен тек 2“ и неговите корпоративни службеници, рече Бајден. Мерката, насочена кон една од најголемите геостратешки енергетски иницијативи на Русија, доаѓа откако Германија вчера објави дека го стопира спорниот проект.

Овој потег означува значајна промена во политиката на администрацијата кон Северен тек 2, која претходно вклучуваше санкционирање на некои од помалите субјекти вклучени во проектот, вклучително и некои руски компании и бродови кои помогнаа во изградбата, но се воздржа од санкционирање на Северен тек 2 и неговиот извршниот директор Матијас Варниг, пренесе Бгнес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија