Лондон ги укина маските во јавниот превоз

Од:

Патниците кои ја користат лондонската транспортна мрежа повеќе нема да мора да носат маски за лице од 24 февруари, но препораката за нивно носење останува на сила, соопшти денеска Транспорт за Лондон (TFL).

„Задолжителното носење маски повеќе нема да биде услов за транспорт од 24 февруари, но на патниците и на персоналот топло ќе им се препорача да ги носат доколку се во можност“, се вели во соопштението.

Британскиот премиер Борис Џонсон во понеделникот во Парламентот ја објави одлуката за укинување на сите преостанати епидемиолошки мерки воведени во Англија за борба против коронавирусот. Исто така, донесена е одлука луѓето кои се позитивни на коронавирусот повеќе да не мора да одат во задолжителна самоизолација.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година