Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Од:

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 63-годишниот З.К. од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, на 29.04.2021, во својство на раководител на Шумското стопанство „Лопушник“ од Кичево, незаконски склучил писмена спогодба со правно лице, кое без финансиски надомест требало да изврши отстранување на дрва од обележани траси кај месноста „Прострање Белица“, информира МВР.

– Од проверките извршени од Одделението за внатрешна ревизија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ било констатирано дека за склучената спогодба не било дадено овластување од директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми“. Со тоа пријавениот овозможил да биде исечено буково огревно дрво во вкупна маса од 332,5 метри кубни при што е причинета материјална штета од 2.327.500 денари, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он