Маричиќ- Лахдевирта: Проширувањето е просперитетна политика не само за земјите кандидати за членство, туку и за Европската Унија

Од:

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес имаше прва протоколарна средба со финскиот амбасадор за Северна Македонија со седиште во Белград, Н.Е. Кимо Лахдевирта.

Како што информираат од СЕП, на средбата била потврдена финската поддршка за напредок во европската интеграција и очекување дека спроведените реформи и пријателската соработка со соседите во затворање на прашањата ќе бидат потврдени и од страна на ЕУ до отпочнување на преговорите за членство. Вицепремиерот Маричиќ се заблагодарил на Финска за нејзината доследна поддршка за политиката за проширување на ЕУ, како просперитетна политика не само за земјите кандидати за членство, туку и за Европската Унија, која несомнено ќе ја загарантира стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.

Вицепремиерот Маричиќ и амбасадорот Лахдевирта посочија дека билатералната соработка меѓу двете земји е на високо ниво, иако има можности и за проширување и тоа во области кои се значајни пред сè за подобрување на квалитетот на животот за граѓаните и се во насока на европеизација на земјата. Искуството на Финска во клучните области, меѓу кои економскиот развој и образованието, но и други области значајни понатаму во текот на преговорите со ЕУ има можност да се споделат и на експертско ниво, се додава во соопштението на Секретаријатот за европски прашања.

Би можело да ве интересира

Маричиќ-Маровиќ: Црна Гора е наш значаен регионален партнер на патот кон ЕУ

Ана Ололовска

СЕП: Успешен состанок на работната група за евроинтеграции, договорени активности важни за двете земји

А1он

Димитров го пречека холандскиот премиер Марк Руте

А1он

Владата го задолжи СЕП да ја ажурира „Агенда: Европа дома“ најдоцна до 22 ноември

А1он

Димитров-Матуела: Македонија е подготвена за почеток на пристапните преговори со ЕУ

А1он

Османи: Денот на Европа е важен за целата земја, нешто што претставува наша аспирација од осамостојувањето

А1он