Јанша во посета на Украина за поддршка на суверенитетот на земјата во меѓународно признатите граници

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ќе ја посети Украина в четврток и петок, потврдија денеска од неговиот кабинет, нагласувајќи дека премиерот сака да ја изрази словенечката поддршка за европската перспектива на Украина и да ја потврди нејзината посветеност на територијалниот интегритет и суверенитет.

За време на „работната посета“, Јанша ќе се сретне со украинскиот премиер Денис Шмихал, а ќе разговара и со претседателот Володимир Зеленски.

Целта на посетата е „да се изрази поддршка за европската и евроатлантската перспектива на Украина и да се потврди посветеноста на Словенија на територијалниот интегритет и политиката на суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“, се вели во соопштението.

Се додава дека посетата ќе биде и можност за продлабочување на билатералните односи меѓу Словенија и Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“

Зеленски: Русија бара молк на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Украински дрон собори два руски борбени авиони Су-30

Горан Наумовски