Околу 22 отсто од популацијата на Австрија во моментов не е доволно вакцинирана против Ковид-19, ниту пак прележала ковид. Според податоците на Заводот за статистика, 69 отсто од населението во Австрија имаат валиден сертификат за вакцинација, а уделот на излекувани лица е девет отсто.
Стапката на вакцинација, како што истакна генералниот директор на Заводот за статистика, Тобијас Ман, зависи од степенот на образование и работа.
„Стапката на вакцинација кај младите под 25 до 64 години со високо образование е околу 82 отсто, јасно е повисока отколку кај лицата со задолжително образование, каде што стапката е 69 отсто. Вработените во таа возрасна група со 76 отсто имаат повисока стапка на вакцинација од невработените, каде што е само 71 отсто“, објасни тој.